Пејачката Зорана Миќановиќ ја прекина соработката со бендот кој досега ја придружуваше на нејзините настапи.
Причината за раскинувањето наводно се неповолните финансиски услови.

Зорана се огласи во оваа пригода и потврди дека повеќе не соработува со музичарите.
– Во секој бизнис е нормално соработниците да се менуваат, па така е и во нашиот случај. Мојот претходен бенд и јас заеднички ја донесовме одлуката да се разделиме. Како што рекоа, секој си оди по својот пат, со меѓусебно почитување и разбирање. Искрено им посакувам многу успех во нивните идни кариери и сум благодарна за прекрасните години соработка, спомените и сè што поминавме заедно – изјави таа за Блиц.

Foto: print screen/Instagram/zorana_micanovic_official





