Манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“, ќе се одржи ден порано, на 19 февруари 2025, во арената „Борис Трајковски“.
„Најпопуларната манифестација на домашната сцена нестрпливо ги очекува сите заинтересирани на своето следно 28. издание, закажано на 19 февруари во арената ‘Борис Трајковски’. Под мотото ‘Вештачка интелигенција за Владата, природна забава за народот’, и годинава ги обединуваме најинтересните и најзабавни изведувачи во најголемото шоу, создавано на внимателно набљудување на годината со многу хумор и со одлична музика“, велат од радио „Буба мара“, организаторот на шоуто.
Оттаму најавуваат околу 100 учесници од земјата и од регионот.
„Годинава размислуваме за вештачка интелигенција и се смееме на природната глупост заедно“, велат од радио „Бубамара“.