Ивана Кнол од Хрватска е најпопуларната навивачка на овогодинешното Европско фудбалско првенство.
Оваа огнена бринета не пропушта ниту еден натпревар во Германија, а беше и најгласна на трибините на мечот меѓу Хрватска и Италија во решавачкиот натпревар од 3.коло од групата Б.
Ивана подготви секси стајлинг.
И овој пат е во црвено-бело издание; со горниот дел искомбинирала сини фармерки со навивачки детаљ, а самоуверено и весело им позирала на фотографите и им праќала срциња и бакнежи.
View this post on Instagram
Таа уште пред мечот го испровоцира Иван Италијанецот, јадеше тестенини, а судејќи по фотографиите ужива во првенството.
View this post on Instagram
Таа пред мечот се дружеше со навивачите во центарот на градот, а претходно беше снимена како готви и гордо крши шпагети на половина, алудирајќи на тоа дека Хрватска на мечот ќе ја здроби Италија, со порака: „Италијанци, доста“.
View this post on Instagram
Напната игра до крајот, но без среќа.
View this post on Instagram
Од 55. минута и голот на Лука Модриќ, хрватската репрезентација имаше резултат кој гарантираше пласман во осминафиналето, но за жал на многу навивачи дојде вистински шок бидејќи Италија постигна израмнувачки гол во 98. минута.
Натпреварот заврши со резултат 1:1 и Хрватите сега имаат минимални шанси да го продолжат натпреварувањето, што може да значи дека Европа во наредниот период ќе биде лишена од нови жешки изданија на Ивана Кнол.
фото:Instagram printscreen/ knolldoll