Љубов и секс

Жената која ја има оваа особина, ги привлекува мажите како магнет

Жената која ја има оваа особина, ги привлекува мажите како магнет

Дали само убавото лице и згодното тело се пресудни за жената да го привлече вниманието на мажот? Изгледа не. Всушност, можеби ќе можат да привлечат маж, но веројатно нема да го задржат долго. Истражувањата покажуваат дека мажите повеќе ги привлекува оваа карактеристика отколку изгледот.

Добро расположение

Она што најмногу ги привлекува мажите кај жените е – среќата. Кога гледаат позитивна, оптимистичка и среќна жена, мажите веруваат дека такви ќе бидат покрај неа. Насмеаната жена е дефинитивно попривлечна од онаа која е секогаш нерасположена и намуртена. Мажот се чувствува опуштено во друштво на таква жена, полесно му е да разговара со неа, да се шегува, а насмеаните луѓе изгледаат поубаво и оставаат подобар впечаток.

Сигурност и оптимизам

Жените кои секогаш ја гледаат поволната страна, дури и негативните ситуации, зрачат со сигурност и оптимизам, а овие особини се многу привлечни за мажите. Овој позитивен став импресионира и ја прави жената исклучително привлечна. Значи, среќата е тој магнет што го привлекува мажот, го освојува неговото срце и го мотивира да работи напорно и да дава љубов. Нека ви биде главен адут.

извор:popara.mk

фото:Freepik

To top