Мегафон stand up турнеја

Започна големата турнеја “За Македонските работи” на Марјан Георгиевски

Започна големата турнеја “За Македонските работи” на Марјан Георгиевски

Време е да ја најавиме големата турнеја која веќе започна на еден од нашите најпознати актери и стенд-ап комичари, миленикот на публиката, Марјан Георгивски. Оваа турнеја носи наслов – “За Македонските работи” и досега се потврдени 15 градови, иако не се исклучува можноста бројката да се зголеми. Да, Марјан заедно со неговиот тим веќе подолго време се подготвува за уште едно патување низ нашата Македонија, каде публиката со нетрпение го очекува да ужива и да се смее на глас.

Стартот беше во Тетово, каде Марјан беше одлично пречекан од тамошната публика. Инаку оваа турнеја е посебна за Марјан, а зошто? Ќе дознаете ако лично присуствувате на некое од неговите стенд-ап претставувања. “Со нетрпение чекам да почне турнејата. Јас сум подготвен како никогаш до сега. Можам да ветам дека публиката ќе ужива и ќе се смее од срце”. – накусо изјави Георгиевски.

Турнејата е во тек, првиот град беше Тетово на 7-ми овој месец, а ова се следните градови: 21.10. Струмица 26.10. Прилеп 31.10. Куманово 02.11. Штип 06.11. Кавадарци 19.11. Охрид 09.11. Кичево 17.11. Скопје 20.11. Велес 21.11. Гевгелија 04.12. Битола Детали за тоа во кој град, каде ќе може да купите влезници ќе може да се информирате преку социјалните мрежи на Марјан, додека пак за Скопје, влезници ќе може да купите преку продажната мрежа на “kupikarta.com”.

To top