Радио Милева кармата (не) секогаш е кучка?

За „Мачкина кашлица“ сите сме чуле, дека „Кармата е кучка“ – исто така, ама знаете ли што е тоа „Мачкина карма“? Лила Филиповска ќе ви објасни, оти на своја кожа ја осети!

За „Мачкина кашлица“ сите сме чуле, дека „Кармата е кучка“ – исто така, ама знаете ли што е тоа „Мачкина карма“? Лила Филиповска ќе ви објасни, оти на своја кожа ја осети!

Најпознатата и најдолговечна по стаж во ТВ етерот македонска водителка Лила Филиповска е на заслужен одмор. Всушност таа постојано некаде одмара, ама само на по неколку дена или една недела, па додека овој пат одмора и нејзиното гејм квиз шоу „Се или нешто“, односно одат репризи  и таа реши неколку дена да му фати џаде и избега од скопската горештина.

А каде на друго место, ако не во Охрид кој ни е ем најблиску, ем „комбинатот“ си има и таму свој хотел, па на водителката престојот и е гратис? Или барем на инфлуенсерска компензација?!  Ама затоа онаа другата цена што Лила ја плати,  скапо ја чинеше! И се заради она што го нарекуваме „пуста“ или „проклета“ карма. Која најчесто е „кучка“, иако овој пат Лила „настрада“ од… мачка! Веројатно сите сте чуле за изразот „Мачкина кашлица“? Ама знаете ли што е тоа „Мачкина карма“? Е токму таа овој пат ја стигна Лила!

Имено, водителката си ги спакува куферите за Охрид, а нејзините домашни миленици, мачорите Рагнар и Мајло реши да ги остави дома. Веројатно охридскиот хотел на „комбинатот“ не ќе да е… „Пет френдли?“

Па, штом Лила стигна во Охрид го испослика луксузниот апартман, со поглед на езерото и отворениот базен, за да покаже дека наредниве денови „еве вака“ ќе престојува!

Ладна вода, обична или газирана по избор и турско или нес кафе за добредојде…

И се’ ќе беше како од бајка да не беше „кармата кучка“ пратена од мачка.. Една или две! Зашто не помина долго, а времето од 40-ка се преполови на 20-ка во степени целзиусови.

Темни облаци се беа надвиснале над езерото, небото се намуртило – само што не заврнало, ветерот почнал да дува небаре торнадо се спрема, па заедно сосе брановите ги избрка капачите, а на Лила и го расипаа денот… А можеби и комплетниот престој!

И тогаш на Лила и текна… До мачките е!

До Рагнар и Мајло и нивната „мачешка карма“, што ги остави дома и во Охрид замина сама!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото и видео: Инстаграм/lilafilipovska

To top