Радио Милева им дојде редот

Вредна домаќинка: Елена Стојановска откри што направила за прв пат во кујната (фото) 

Вредна домаќинка: Елена Стојановска откри што направила за прв пат во кујната (фото) 

Како и секогаш почетокот на јануари е исполнет со празнично расположение во сите домови, а во овој студен зимски месец за време на празниците едно јадење на трпезата секогаш е присутно.

Така, за се да биде цело во домот на ТВ водителката Елена Стојановска, таа ги засука ракавите и откри дека за прв пат  во животот одлучила да завитка сарми.

Водителката потоа го сними полниот лонец па гордо се пофали пред следбениците на социјалната мрежа Инстаграм каде што е активна.

Сепак, Стојановска, најпрво  го покажа само капакот, па напиша:
– Како за прва сарма свиткана во животот, мислам, не сум воопшто лоша.

Таа откако се пофали и соопшти дека е презадоволна од резултатот, реши да го тргне капакот и да покаже пред јавноста што точно направила.

Дали имала дополнителна помош од некој поискусен, водителката не откри но, она што го покажа дефинитивно изгледа убаво, а несомнено било и вкусно, но се разбира само оној кој  ги пробал, најдобро знае.

Инаку, Елена е познато по тесниот струк и тело на манекенка па веруваме дека не претерала со конзумација на сармите. А и да претерала… За се има прв пат…! И за  кисела зелка, ориз и месо кулинарска креација и за сарма конзумација!

фото: printscreen/instagram/enna_inna

To top