Дека не е ништо помалку атрактивна и заводлива, од нејзината колешка Ана Радуловиќ покажа и младата ТВ водителка Маша Михаиловиќ, која е исто така една од згодните модераторки на „Елита 7“, регионалното шоу кое важи за најгледано ријалити.
Летото полека излегува од својот зенит, но температурите се’ уште се пеколни, па Маша реши да се освежи и разлади. Каде на друго место ако не на море, иако за првото утринско кафе и свеж почеток на денот не е лош ниту базенот.
View this post on Instagram
Но она вистинското следува малку подоцна, кога температурата ќе го вжешти воздухот, а па и телото и духот бараат дополнителна оддишка. Најпрвин на песочната плажа, па во синта проѕирна вода, која станува топла како од бојлер, па затоа Маша посегна по нов избор. Ем да ја симне солта од себе, а кога веќе може да бира, најдобро би се разладила ако се истушира. Тушот на плажата нема топла вода, па најдобро може да те освежи…а и наежи!
А водителката на „Пинк“ ова лето изгледа совршено, особно во бикини… Тогаш до полн израз доаѓаат сите нејзини облини, кривини и вдлабнатини… Жешките кадри ја продолжија низата пози во кои релаксирачките млазеви ја милуваат нејзината мазна кожа под тушот.
Но, ако помисливте дека се’ сте виделе, не е баш така… Зашто Маша уште пред да се појави на плажа, направи проверка во гледалото, во чиј одраз се прелеваат сиот нејзин сексапил и убавина со која водителката освојува и заведува и во живо и на телевизија или фотографија.
Фото: Инстаграм/masamihailoviic