Летото донесе посебна радост во семејството на познатата водителка Леа Киш, нејзината ќерка Сара го кажа судбоносното „да“ и влезе во брачните води.
Леа Киш постојано нагласуваше колку е горда на својата наследничка и колку е среќна за нејзината одлука.
View this post on Instagram
Таа откри дека сега едвај чека да стане и баба, и дека со нетрпение ги очекува новите животни радости што иднината ги подготвува за неа и нејзиното семејство.
– Среќна сум што се оствари како сопруга, се омажи ова лето, едвај чекам да се оствари како мајка, а јас како баба – неодамна изјави Леа за Гранд.
Таа се осврна и на нејзината напорна работа и посветеност за градење успешна кариера.

– Сара е дете кое пораснало на телевизија, сакам да се шегувам дека била на малите екрани дури и во стомакот. Телевизијата е нејзин втор дом. Завршила режија, има диплома по режија, но го започнала патот на новинарството и радиодифузијата, талентот и генот, тоа се пренесува, па затоа сум многу горда. Се радувам на нејзиниот успех и на новата сезона, која ќе биде сосема поинаква – заклучи таа.
фото:Instagram printscreen/ leakisjokic







