Радио Милева нови авантури

„Во гужва сум“ – Лила Филиповска помеѓу патувањата, миленичињата и вкусните искушенија

„Во гужва сум“ – Лила Филиповска помеѓу патувањата, миленичињата и вкусните искушенија

Нашата позната ТВ водителка и влијателна инфлуенсерка Лила Филиповска е активна на социјалните мрежи, споделува моменти од приватниот живот, патувањата и  работата, а со тоа привлекува внимание кај сите кои ја следат.

Таа повторно тргна на пат, а нејзините миленичиња Рагнар и Мајло кои ги обожава и кои ја полнат со позитивна енергија ја испратија и направија „double check“.

Откако покажа дека се спакувала, замина на една од убавите топли дестинации кои секого го оставаат без здив, па се огласи  од Бодрум и нагласи дека сега е во „гужва“, а кога ќе биде достапна сама ќе се јави.

– Во гужва сум ќе ве барам – јасна беше Лила и покрај фотографијата која кажува сѐ.

Но, таму налета на друг мачор кој ја привлече веднаш, па си дозволи да го погали, секако со грижа на совеста.  Затоа Лила на видеото нагласи ни случајно да не ја откријат пред нејзините домашни миленичиња што направила.

– Не им кажувајте на Рагнар и Мајло – напиша на крај пред да ја „нападне“ новиот познаник.

Се разбира тоа беше само мала игра, а Лила продолжи да ужива па дури реши да и каже и збогум на диетата поради деликатесната храна која таму ја пречека.

Како и да е Лила изгледа како тинејџерка, а нејзината убавина со ништо нема да биде оспорена.

А на крај одморена ќе се врати кај нејзиното вистинско домашно друштво Рагнар и Мајло кои ја полат со љубов и позитивна енергија.

foto: printscreen/ Instagram/lilafilipovska

To top