Драгана Мирковиќ е позната по сведените комбинации, а речиси никогаш не се појавила провокативно облечена.
За тоа сведочи и фактот што Драгана во текот на својата повеќедецениска кариера само двапати е фотографирана во костим за капење.
Таа најчесто одбивала да се фотографира во бикини бидејќи, како што објаснила, сметала дека не треба да прави такво нешто бидејќи не е модел.
Меѓутоа, таа направи и преседан, па на нејзиниот Инстаграм се појавија неколку фотографии.
Таа пред неколку години ја искористи приликата и додека се одмара направи неколку фотографии во едноделен костим, додека позира во морето, што многумина го дочекаа со ентузијазам.
Да потсетиме, Драгана своевремено јавно проговори на оваа тема.
– На сцената сум 34 години и никој досега немал слика од мене во костим за капење. Кога ме викаа да се сликам, секогаш одбивав. Не сум модел и како пејачка мислам дека не треба да се фотографирам во костим за капење. Мене ми беше непријатно, искрено – изјави таа во емисијата „Ексклузив“.
фото:Instagram printscreen/ dragana_mirkovic