Овој појадок е спој од пржени лепчиња и сендвичи, а можете да ги подготвите мошне брзо и едноставно.
Потребни состојки:
-1 леб
-Салама или друг сувомеснат производ
-Кашкавал
-5 јајца
-Прстофат сол
-Масло за пржење.
Начин на подготовка:
Лебот се сече на тенки парчиња, како за сендвичи. Од лебот се прават сендвичи со по неколку парчиња салама и со кашкавал. Во длабок сад се матат јајцата со прстофат сол. Се загрева маслото во нелепливо тавче за пржење. Секој сендвич се потопува во разматеното јајце и се пржи на средна температура додека лепчињата да добијат златно кафена боја.
View this post on Instagram