Радио Милева совршено скроено

Висок шлиц и голи нозе: Милица Павловиќ во храбро издание (фото)

Висок шлиц и голи нозе: Милица Павловиќ во храбро издание (фото)

Пејачката Милица Павловиќ неодамна беше во Скопје, а по тој повод гостуваше на телевизија и сподели серија фотографии од снимањето.

За своето гостување во ТВ емисијата таа се одлучи за многу елегантен костум во форма на сако и долго здолниште, во боја на шампањ, кој исто така имаше висок сјај.

Сакото го носеше,  закопчано, но совршено скроено, а само дополнително ја истакна нејзината совршена линија. Покрај тоа, сакото беше од подолг модел, достигнувајќи должина до половина бутина.

Здолништето што следеше беше во идентична нијанса и строго ја следеше линијата на телото, додека во пределот на десната страна имаше многу длабок и храбар шлиц кој во некои ситуации ги откриваше комплетните нозе на Милица, а речиси и малку повеќе.

Стајлингот го заокружи со златни сандали со високи потпетици и чанта во комбинација од бисер и злато, а не изостана и дискретниот златен накит.

фото: printscreen/instgaram/senoritamilica

To top