Мегафон

Винарија „Монтеко“ – традиционално мајсторство со автентичен печат

Винарија „Монтеко“ – традиционално мајсторство со автентичен печат

Бутик винаријата „Монтеко“ од Кратово е создадена во далечната 1956 година. Со голема почит кон традицијата, но и големо знаење за новите технологии, неодамна „Монтеко“ го модернизираше своето производство станувајќи катче во кое се спојуваат богатото наследство, љубовта и мајсторството со најновите технолошки достигнувања во производството на вино.

Неодамна винаријата најпрво ја претстави палетата на бели вина, „Темјаника“ и „Шардоне“, а потоа понудата на пазарот ја збогати и со две црвени куве вина – „Неро“ и „Филип“. Белите вина на „Монтеко“ се вистинска ароматична симфонија во која совршено се вкомпонирани цитрусни ноти, егзотично овошје, зачински билки и ванила. Црвените куве вина, пак, се препознатливи по интензивната рубин црвена боја и елегантниот вкус на ситнозрнесто овошје, зачини и билки, надополнети со дискретна арома на чад и ванила. Наскоро винаријата ќе ја прошири понудата и со палета на црвени вина „Мерло“, „Вранец“ и „Каберне Совињон“, како и барикно вино, со што ќе ја комплетира својата ризница на вкусови.

Уникатноста на вината „Монтеко“ доаѓа од природната средина во која виреат лозовите насади што се користат при производството. Тие се засадени на голема надморска височина, на висок и стрмен планински терен каде што се изложени на чист воздух преку целата година, многубројни сончеви денови и умерена клима. Затоа лозјата добиваат оптимална сончева светлина и топлина, што им овозможува да зреат бавно и рамномерно, развивајќи сложени вкусови и живописни ароми. Натамошната прецизна и внимателна селекција на гроздовите го обезбедува најдобриот род кој влегува во натамошниот производствен процес.

Посебноста на вкусот на вината „Монтеко“ лежи во вулканската почва на која се засадени лозовите насади која богато ги храни со минерали, при што тие обликуваат вина со ненадминлива чистота и карактер, висока свежина и интензивен вкус. Уникатната средина во која виреат лозјата му дава карактеристичен печат на виното, кој се препознава во секоја голтка.

Одгледувањето, бербата и зреењето на грозјето, како и производството во винарската визба се строго контролирани процеси кои се одвиваат по највисоки стандарди, со примена на најсовремена технологија и врвно знаење. Во ризницата на вкусови „Монтеко“ се вткаени внимателно селектирани гроздови со посебни природни карактеристики, максимално контролиран процес на подготовка и зреење на виното, како и долгогодишното знаење и искуство на тимот енолози кој максимално се вложува во својата работа. Крајниот резултат се вина креирани со исклучителна страст и желба, кои ја отсликуваат богатата винска традиција на нашето поднебје.

Капацитетот на винаријата „Монтеко“ е 100 тони годишно, со што спаѓа во категоријата на мали винарии. Плановите на менаџерскиот тим се да го зголеми производството на 200 тони во следните две години.

To top