Радио Милева гушни го од мене... папу

Весна Бејби со емотивен статус, внукот Кристијан со спомен фотографии кои ги споделија по смртта на Никола, татко му на Тоше Проески

Весна Бејби со емотивен статус, внукот Кристијан со спомен фотографии кои ги споделија по смртта на Никола, татко му на Тоше Проески

По веста за смртта на Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше Проески се огласи актерката Весна Петрушевска – Бејби, која беше една од најголемите и најверни  пријателки на Тоше и чест гостин во семејството Проески.

„Никола, гушни го од мене, кажи му колку го сакавме, твојата бескрајна љубов кон Тоше беше една огромна тага. Барем сум малку мирна дека се видовме за Бадник. Топол и мил човек. Многу ми е жал, најискрено сочувство до семејството, напиша таа, споделувајќи заедничка фотографија на Тоше и неговиот татко на Инстаграм, на која во позадина оди изведбата на Тоше на позбатата македонска песна „Море сокол пие“.

По смртта на неговиот дедо Никола, на Инстаграм се огласи и внукот на Тоше, Кристијан Ристески. Но не со зборови туку со заеднички фотографии… Можеби едни од последните на кои беше виден во јавноста покојниот Никола, кој по трагичното загинување на Тоше целосно се повлече.

Тој и неговата сопруга Доминика по заминувањето на нивниот син Тоше, не се појавуваа во јавноста.

Дури  немаа ни сили да бидат дел од низата настани кои се организираа во чест на Тоше. Не присуствуваа ниту на концертот посветен на Тоше кој се одржа во Скопје во 2018 година, а на кој настапи токму неговиот внук Кристијан, бидејќи, како што тогаш раскажа нивниот зет Славен, таткото на Кристијан, кој беше еден од организаторите, многу им е тешко и болката по сите изминати години не поминува ниту пак се намалува.

Кристијан покрај споделените фотографии се прости од својот починат дедо само со еден збор… Папу (Дедо – на влашки јазик)!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kristijanristeski

Фото: Инстагарам/kristijanristeski/vesnapetrushevska

To top