Промотер

Вера Мештеровиќ во видеото за новата емотивна балада на македонскиот рокер од „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски – „Твој сам промашај“ (ВИДЕО)

Вера Мештеровиќ во видеото за новата емотивна балада на македонскиот рокер од „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски – „Твој сам промашај“ (ВИДЕО)

Откако првпат се појави на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски ја заинтригира и ја освои публиката, а по завршувањето на натпреварот покажува дека и тоа како умее да ја задржи титулата најдобар рокер што го продуцираше популарното шоу.

Иако многумина се навикнати на неговите енергични настапи и рок ритам, поранешната ѕвезда на „Гранд“ реши да ги почести своите обожаватели со смирена тема која содржи извонредни стихови, преточени во уште подобра балада.

Неговата нова песна е отпеана на српски јазик заради стратегијата пејачот уште востартот да го својува регионот и се вика „Твој сам промашај“ за која музиката ја напиша самиот тој, додека емотивниот текст го напиша неговата мајка Елизабета Јосифовска Недановска.

Многумина ја опишаа баладата на Александар како најемотивната што ја слушнале во последно време, а некои тврдат дека неговиот глас дури наликува на изведбите на Саша Ковачевиќ.

Слушнете ја новата песна на македонскиот рокер и погледнете го видеото снимено во неговиот роден Охрид, кое го реализирал Кристијан Љушев продуцирано од „Шпанец продукција“. 

 

Во истото покрај Александар Јосифовски се појавуваат и два женски лика, два модела, од коеи едната е Ивона Јованова, а другиот е познатата македонска мисица , модел и ТВ водителка, Вера Мештеровиќ.

Проследете како звучи и изгледа „Твој сам промашај“ на Александар Јосифовски.

To top