Промотер

Валдера во соработка со Ерик Фокс се враќа на рок корените со – „Ми требаш ти“ (ВИДЕО)

Валдера во соработка со Ерик Фокс  се враќа на рок корените со  – „Ми требаш ти“ (ВИДЕО)

По серија поп-хитови, Валдера реши да се врати таму каде што сè започна – во светот на рок музиката. Неговата најнова песна „Ми требаш ти“ е вистинско освежување на сцената, а за оваа енергична нумера соработува со еден од најпознатите македонски диџеи, Ерик Фокс.

„Песната е враќање на моите корени“, вели Валдера, кој самиот го напиша текстот, додека музиката и аранжманот се дело на Ерик Фокс. Оваа комбинација носи динамичен звук што ги спојува најдобрите елементи од рок и електронската музика.

Видеоспотот, кој премиерно ќе биде објавен на Музика24, е снимен во уникатната атмосфера на „Филхармонија Бар“. Таму Валдера настапува со својот бенд, составен од маестралните музичари: Зоран Василковски (гитара), Марко Стојчевски (тапани) и Стефан Карастојанов (бас).

Со оваа песна, Валдера не само што ја покажа новата страна од својот уметнички израз, туку и докажува дека вистинската музика секогаш наоѓа пат до срцата на публиката.

To top