Пејачката Ана Бекута се породила на само 17 години, а потоа го дала синот Игор во дом за деца.
Бекута постојано зборуваше зошто се одлучила на овој чекор.
Таа го родила синот вонбрачно. Била одвоена од своето бебе, а околината и пресудила. На столбот на срамот се нашле и нејзините родители, селото ги озборувало, што длабоко ја повредило. Таа верувала дека тие не се виновни за ништо.
– По страшни внатрешни конфликти, Игор го сместивме во дом. Голем дел од моето срце тогаш се откорна и таа рана никогаш нема да зарасне. Ме сметаа за глупава затоа што „тоа“ не сум го убила на време, не сум го сокрила и оставила во некоја далечна болница. Секој викенд патував за да го прегрнам моето чедо. Таа агонија траеше неколку месеци, кога гласот на срцето и на разумот таа птица ја врати во гнездото“, изјави пејачката пред неколку години.
Како што објасни Ана, раѓањето на Игор ја забрзало нејзината одлука да се занимава со музика. Денеска двајцата се во одлична врска, а Игор редовно ја поддржува мајка си на концертите и настапите.
Foto: Instagram/anabekuta1