Старлетата Наташа Шавија вчера објави видео на Инстаграм на кое покажува дека успеала да го врати стариот изглед по две операции.
Поранешниот учесник во реално шоу Стефан Кариќ вчера беше осуден за нанесување тешки телесни повреди на Наташа Шавија, по што старлетата имаше две операции на очите.
Иако нејзиниот адвокат најави нова тужба против Кариќ, старлетата не сакала да коментира за пресудата од безбедносни причини но објави видео на Инстаграм на кое покажува како изгледа денес.

Судејќи според видеото, таа успеала да го врати стариот изглед, а змијата што ја има околу вратот исто така привлече големо внимание.
Старлетата се гушкаше со своето ново милениче, а во описот на објавата напиша: „Запознајте ја мојата мала девојка Шахса“.
View this post on Instagram
Патем, Наташа имала две операции на очите за да го врати стариот физички изглед, а вопотресната исповед го опишала насилството што го претрпела и последиците со кои се соочила.
foto: printscreen/instagram/natasa.savija







