Радио Милева сајбер „пациенти“...

Уште еден доказ дека вештачката интелигенција не е за природно глупави е Игор Џамбазов, кој е нова жртва на „сајбер идиоти“: „Колку што јас бев во инвалидска количка, толку вие да бидете среќни и успешни“ (ВИДЕО)

Уште еден доказ дека вештачката интелигенција не е за природно глупави е Игор Џамбазов, кој е нова жртва на „сајбер идиоти“: „Колку што јас бев во инвалидска количка, толку вие да бидете среќни и успешни“ (ВИДЕО)

Вештачката интелигенција е ново достигнување во развојот на сајбер технологијата. Арно ама, колку е полезна, учинковита и употреблива, уште во стартот од нејзиниот развој  се покажа дека не е за секого. „Није жвака за сељака“ би рекле нашите северни соседи – браќа Срби, уште помалку играчка за „лудаци“… Или барем недоделкани будалетинки, кои она што напредокот на светот им го овозможил, тие обилно го злоупотребуваат. И тоа без причина, без било каква полза да имаат од тоа, освен заради чисто „изживување“ со туѓите судбини!

Така низа познати личности станаа жртви и на сајбер криминалот, а во последно време и на злоупотребата на вештачката интелигенција (AI), а најновата од нив е македонскиот актер и шоумен, Игор Џамбазов.

Во видеото кое одненадеж осамна на социјалните мрежи Џамбазов е прикажан во инвалидска количка,  обвинет за напад на претставници на фармацевтските компании.

Во видеото всушност се прикажува микс од сечени, лепени и монтирани материјали во вид на фотографии на Џамбазов, на кои тој е во инвалидска количка, потоа негова лажна видеоизјава за естрадниот магазин Бекстејџ, видеопарче од тепачка во едикоеси собрание, за потоа актерот како со лисици на рацете го приведуваат.

На видеото е прикажано божем оваа вест ја пренесува новинарка од ТВ Телма, која всушност не е репортер, туку е презентерката на временска прогноза, Елена Манојловски.

Целата ситуација е измислена, а лажната вест креирана со помош на вештачката интелигенција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Видеото го објави и самиот Џамбазов на својот Инстаграм профил, со сопствен коментар:

„Е не сте нормални…вие што го смисливте ова. Колку што јас бев во инвалидска количка, толку вие да бидете среќни и успешни луѓе! Имате ли ум вие воопшто? Оти мозок немате, евидентно. И да, заборавив. Срам да вие ! И арам!“, напишал актерот покрај лажното видео.

Време е надлежните институции и органите на прогонот да преземат акција и соодветни мерки, против новата „сајбер болест“ која се’ повеќе зема замав, а во која најчесто жртви се познатите и јавни личности, но утре може да биде било кој и од обичните граѓани.

Фото и видео: Инстаграм/igordzambazov

 

To top