Мегафон десет години подоцна...

„Тумбао салса бенд“ ќе одржи концерт на 31 октомври во MOБ

„Тумбао салса бенд“ ќе одржи концерт на 31 октомври во MOБ
„Тумбао салса бенд“ ќе одржи концерт на 31 октомври во Македонската  опера и балет од 20 часот. Бендот кој 20 години го води познатиот музичар Петар Ренџов го имаше последниот поголем концерт во Скопје во 2015. Тоа беше и последниот концерт во Универзална сала пред да се затвори.
Гости на концертот ќе бидат Ивана Стојановска, Биљана Ѓошева, Ристо Самарџиев и Мики Јовановски-Џафер.
„Приказната на ‘Тумбао салса бенд’ е единствена и специјална, со себе ја носи ритмиката на карипскиот звук, што ја проширува базата на македонската традиционална музика, која е создавана под влијание на турската и блискоисточната култура. Оваа приказна трае веќе 20 години и содржи автентичен звук и доживувања кои повикуваат на среќа, игра, љубов и опуштеност. Ваквиот пристап ја проширува и надополнува нашата традиционална народна музика и дава нов квалитет. Нашите два последователни концерта на 4 и 5 март во 2015 беа последната музика што Универзална сала им ја даде на скопјани. Утредента, митингот на некои ‘важни’ политичари ги затвори нејзините врати. Оваа приказна има мотив и инспирација да патува низ времето и да облагородува зашто е создадена од духовноста на неколкумина блиски и искрени музичари кои цврсто веруваат во широкиот спектар на можности што ги нудат конекциите на македонската со култури со есенцијална содржина, како што се традиционалната кубанска и џез музика“, ни рече Петар Ренџов и додава дека концертот ќе биде вечер на македонско-кубанска музичка среќа.
To top