Радио Милева „господски“ ограбен...

Црногорската поп ѕвезда Владо Георгиев сношти ограбен среде центарот на Скопје: „Скопје има микроклима, ама и арамии и во зима“ (ФОТО)

Црногорската поп ѕвезда Владо Георгиев сношти ограбен среде центарот на Скопје: „Скопје има микроклима, ама и арамии и во зима“ (ФОТО)

Црногорскиот пејач Владо Георгиев преку социјалната мрежа „Икс“, соопшти дека бил ограбен среде бел ден во трговскиот центар „Дајмонд“ лоциран во центарот на Скопје.

Имено, тој бил во Солун, па враќајќи се назад застанал да одмори и да се види со некои свои пријатели во Скопје.

При тоа, најпрвин отседнал во еден елитен скопски хотел, па Георгиев споделил неколку фотографии од ручекот и гастрономската понуда на ресторанот, а покрај нив напишал: „Скопје има микро клима…“ – споделувајќи го и стихот од познатата песна на „Леб и сол“.

Арно ама, само неколку часа подоцна и самиот пејач за жал, на своја кожа почувствува и дозна дека „Скопје има микроклима, ама и арамии и во зима“, откако му беше обиен автомобилот паркиран во подземната гаража на најновиот скопски мол.

„Им посакувам сè ‘најубаво’ на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во гаражата трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите“ – напиша иронично пејачот на социјалната мрежа Икс.

При тоа крадците сигурно не знаеле чиј автомобил обиваат, а и забораваат дека паркингот е опремен со безбедносни камери. Затоа пак, Владо Георгиев сега знае дека друг пат нема да остава ништо на задното седиште, сеедно дали тоа е или не е вредно. Зашто кандидати за крадење има секаде и во секое време!

Фото: Х/Vlado Georgiev – Barba

To top