Мегафон ТАЖНА ВЕСТ

Цирко за жал, ја загуби последната битка: Почина Рамуш Муарем – актер, хуморист, новинар, публицист, активист…

Цирко за жал, ја загуби последната битка: Почина Рамуш Муарем – актер, хуморист, новинар, публицист, активист…

Вчеравечер, понеделник 4-ти мај во јавноста одекна веста дека  дека по кратко боледување, на 64-годишна возраст не напушти Рамуш Муарам – Цирко долгогодишен активист за правата на Ромите, актер, хуморист, новинар и публицист.

Тој беше познат по својата емисија „Циркотека“ која се емитуваше на БТР,  која остана запаметена. Со ова шоу, Цирко успеа да допре не само до ромската популација туку и до пошироката публика со својот автентичен, специфичен хумор, спонтаноста и бројни гафови кои и денес, години подоцна, се вирални на социјалните мрежи.

„Староста не ме плаши… Се’ е исто, само глупостите ги првам малку поспоро“  – е една од неговите легендарни реченизици кои ќе останат запаметени.

Нo, Муарем беше гласен борец за правата на ромската заедница и со своите настапи сакаше да придонесе кон поголема еднаквост и разбирање.

Замина силен глас, човек со храброст, дух и вистина во секој збор. Неговото дело и посветеност ќе останат засекогаш врежани во не само во ромската заедница, туку и многу пошироко. Неговата смрт претставува загуба за македонското новинарство и за јавната сцена, особено помеѓу ромската популација, а спомените за неговата енергија, хумор и посветеност ќе останат да живеат меѓу генерациите што го следеа.

Неговите пријатели се простуваат од него на социјалните мрежи наведувајќи дека загубиле човек со храброст, дух, силен глас и вистина во секој збор.

 

To top