Сезоната во Црна Гора полека привршува, а она што се разликува од претходните сезони, освен во недостигот на туристи, е тоа што годинава двете најголеми балкански диви Лепа Брена и Цеца Ражнатовиќ не одржаа концерти.
Иван Гајиќ, водител и автор на емисијата „dIvan Show“ поминал еден месец на црногорското приморје, а таму успеал да собере разни информации за познати личности.
Она што ги изненади сите што беа во Црна Гора е тоа што Цеца и Брена не пееја, а сега Гајиќ ги откри причините во емисијата „Ѕвездички специјал“.
– Цеца реши да се пензионира. Изгледа дека подготвува нешто за публиката на крајот на годината и сака да ја нема сега.
А Брена… Брена задоцнила да настапи во два по полноќ – откри Гајиќ.
фото: printscreen/cecaraznatovic.kurir TV