Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ на почетокот на 2000-тите направи тригодишна пауза во кариерата, а потоа се врати во 2004 година и го издаде албумот „Горе од љубави“.
Цеца со години соработуваше со Марина Туцаковиќ, која го напиша и најголемиот дел од текстовите за овој албум. Како што еднаш рече пејачката, Марина многу добро ја познавала и честопати ги пишувала нејзините песни инспирирани од нејзиниот живот.
Една од песните која исто така беше инспирирана од случувањата во животот на Цеца е „Нема долго“. Многумина мислеа дека текстот на песната е посветен на маж, но вистината е поинаква.
„Тоа е песна што Марина Туцаковиќ ми ја напиша, а јас им ја посветив на моите деца, но никогаш не ја испеав освен на ЦД. Публиката на концертите сака да слуша малку побрзи песни, па затоа никогаш не сум ја испеала оваа во живо“, изјави еднаш Цеца за медиумите.
„Сакам песни со силни слики. Марина одлично ги пишува ваквите песни, и така ја состави оваа. Ја отпеав во студио, а се издвојуваше од другите и решив да им ја посветам на децата. Ме поврза со мојот приватен живот“, изјави тогаш Цеца.
фото: printskrin/instgaram/lifeofcecaraznatovic