Радио Милева романтичарка

Цеца никогаш не зборува за љубовниот живот, но овој пат откри каква е кога е во врска

Цеца никогаш не зборува за љубовниот живот, но овој пат откри каква е кога е во врска

Балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ мораше да биде силна во текот на животот, но во љубовта си дозволува да се чувствува како понежниот пол, да биде кревка и да ужива во вниманието и романтиката на емотивниот партнер.

Засега посилната половина ја нема или уште не е подготвена да ја претстави својата љубов во јавноста, па кога е во прашање љубовниот статус, таа не секогаш ја кажува вистината.

-Без разлика дали има додворувачи или нема, јас сигурно нема да ја кажам вистината пред камера. Секој од нас сака да задржи одреден дел од приватноста за себе. Сите сме луѓе и сакаме исти работи, да имаме дел од нашата приватност што го чуваме за себе и што го споделуваме само со таа личност за која се грижиме или со пријателите и семејството, изјави Цеца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Во љубовта секогаш е за компромиси и нема проблем да признае кога греши.

-Сите ние секогаш мислиме дека во повеќето случаи сме во право. Јас не сум тој профил на личност, дури и кога ќе направам грешка знам да се извинам. Тој збор џабе го нема во речникот. Секако дека сум романтична. Многу сум емотивна, да не бев таква немаше да можам да пеам како што пеам. Романтична сум, емотивна и вљубена, но не ми е гајле, изјави пејачката.

фото:Instagram printscreen/ cecaraznatovic

To top