Кој вели дека гостувањето во одредени ток шоуа, поткасти или ТВ емисии не може да биде корисно и од тоа не може нешто да се научи? Секое гостување е искуство плус, во кое и гостите од домаќините и гостите меѓу себе, ама идфомаќин(к)ите од гостите можат нешто ново „да купат“, да научат мноштво работи, меѓу кои некои се и мошне практични.
Очигледно и евидентно е дека во едно од изданијата на „Нешто конкретно“, токму домаќинката на ТВ шоуто, водителката Снеже Велков го научи највобудливиот танц на веков. И тоа не од било кого, туку од еден од нејзините гости, познатиот и популарен фолк ветеран, познат како Цаки – Кисми, прекарот што го доби по членувањето ви некогаш многу популарната македонска турбо-фолк група.

Цаки очигледно покрај пеењето совршено ја совладал и вештината на анимирањето на гостите во локалите каде што настапува, па дел од своите специфични танцувачки способности реши да и ги демонстрира а патем и да ја едуцира водителката.

Наместо да слуша како раскажуваат митови, таа самата посака да и покаже како се танцува на еден од неговите познати хитови, а тој наместо вербално да и објаснува, реши практично да и демонстрира како се танцува.

„Сака, сака да се качи, да се вози на мојот мотор… Жумате, жумате, мешај му на бате…“ – течат стиховите на песната кои која некои ја доживуваат како моторџиска, други пак во својата „валкана“ потсвест и како песна со еротски контекст… Кому како му се причинило или присакало!

Сепак она што е најважно е танцот на ѕвездите… А, вие погледнете како Цаки-Кисми на „нешто конкретно“ ја учеше Снеже Велков, со показна вежба, како на „Жумате“ да му меша(ш) на бате!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/velkovsneze






