Легендарниот пејач на Парни Ваљак, Аки Рахимовски почина на денешен ден во 2022 година. Веста за неговата ненадејна смрт го шокираше Балканот. Аки почина во Словенија откако ненадејно му се слошило за време на семејно излегување и веднаш бил префрлен во болница во Ново Место, но лекарите не можеле да го спасат.
Аки почина на 22 јануари 2022 година на 66-годишна возраст. Беше фасциниран со рок музиката и ја користеше секоја прилика да набави понекој винил од странство.
Со 15 години беше уредник на Радио Скопје, со 16 веќе свиреше клавијатури во македонскиот бенд „Тор“, кој набргу останува без пејач. Тогаш судбината вмеша прсти и го турна пред микрофонот.
„Парни ваљак“ е основан во 1975 година, откако гитaристот и композиторот Хусеин Хасанефендиќ Хус го видел настапот на Аки. Во 30-годишната кариера на „Парни ваљак“ објавил 16 студиски албуми, 14 синглови, пет албуми во живо, четири компилации, две конценртни ДВД-а.
Меѓу нив и еден од најпродаваните хрватски албуми на сите времиња и најпродавани албуми снимени во живо „Без струја – Live in SeKaeM“. Аки во 2007 година издаде соло албум „Во време на загубените“, а во 2008 година во Умаг одржа концерт со пријателите.
Фото: Инстаграм/kiki_rahimovski