Љубов и секс

Три брачни совети кои никогаш не смеете да ги слушате

Три брачни совети кои никогаш не смеете да ги слушате

Во моментот кога ќе му го кажете судбоносното „да“ на партнерот, не сте ја обезбедиле среќата до крајот на животот. Бракот бара многу труд и вложување.

 

Некогаш трудот што го вложуваме работи, некогаш не, а во моменти кога не е идеално, многу често добиваме многу совети и предлози како да ги поправиме работите.

Сепак, иако овие совети обично се добронамерни, некои сепак е подобро да се игнорираат. Во продолжение три совети за „среќен“ брак кои никогаш не треба да ги слушате.

1. Во ред е ако нема секс

Недела или две, па дури и еден месец без секс, се разбира, не мора да значи дека има проблеми во вашиот брак. Сепак, сексот е суштински дел од брачниот живот и ако го нема подолго време, не е во ред и веројатно значи дека сепак постои некаков проблем.

Ако вашиот сексуален живот речиси веќе не постои, време е да разговарате со вашиот партнер за да дојдете до одговор на прашањето што се случува и заедно да го решите проблемот. Во спротивно, вашиот проблем може да станува се посериозен, а последицата може да биде емоционално дистанцирање.

2. Секој заеднички момент нека биде посебен

Со други зборови, секогаш кога правите нешто посебно заедно, организирајте вечера со свеќи, планирајте викенд одмор… Прашањето е – дали навистина сакате постојано да бидете под притисок да правите нешто магично и незаборавно секогаш кога ќе се соберете? Иако мини бегствата понекогаш знаат да бидат одлични, ниту секојдневните, сосема обични активности не се лоши. „Спојте се“ во чистење на куќата или заедно шетајте го кучето.

3. Родителството ќе ги реши сите проблеми

Овој совет често го даваат луѓето кога нечиј брак минува низ лош период, сепак, ова е еден совет кој никогаш не треба да го слушате. Ако вие и сопругот поминувате низ лош период, многу се карате, се оддалечивте… детето можеби ќе ви ги реши проблемите – но за многу краток период, а кога ќе заврши почетната возбуда, сите проблеми кои ви пречеле претходно ќе се вратат, како и некои нови бидејќи и родителството е стресно и понекогаш само тоа е доволно за да се прекине врската. Затоа, пред да „скокнете“ во правење деца, поправете ја вашата врска.

Извор: Popara

To top