Мегафон театар за деца

Трет интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров”

Трет интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров”

Третиот интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров” ќе се одржи од 1. – 5. октомври 2024, под мотото СЀ Е ТВОЕ !

„Со радост ви го најавуваме третото издание на ИФДТ “ИГОР МАЏИРОВ”, што ќе се одржи од 1-5. октомври 2024 во организација на ТДМ. Слоганот е инспириран од писмото на Горан Стефановски, до внуката Калина, а дизајнот е на Иван Петрушевски.

…”Сиот свет сега ти припаѓа тебе
и сè во него е твое!
Твои се земјата и луѓето и животните и
билките,
И морето и рибите
И небото и птиците
Твои се сонцето и ѕвездите
И твоја е месечината
Сѐ е твое!”…
Писмо до внуката – Горан Стефановски

Наскоро очекувајте повеќе информации за годинешната богата фестивалска програма, велат организаторите.

To top