Обожавател почина откако падна од височина за време на концертот на „Оејзис“ на стадионот „Вембли“ во Лондон во саботата навечер. Бендот оддаде почит, велејќи во соопштение дека се „шокирани и тажни“ од трагичната вест.

Во соопштението, Метрополитенската полиција потврди дека маж на возраст од околу 40 години е прогласен за мртов на местото на настанот откако претрпел „повреди што произлегуваат од пад“.
Човекот наводно седел на горниот кат од стадионот со 90.000 седишта – чии највисоки трибини се 50 метри над земјата – додека групата настапувале како дел од нивната турнеја.

Портпаролот на Метрополитенската полиција изјави дека полицајците на должност на Вембли за концертот на „Оејзис“ пријавиле дека едно лице е повредено во 22:19 часот, за кое се верува дека се случило додека бендот го завршувал својот настап, бидејќи огнометот на крајот од последната песна “Champagne Supernova” започнал неколку минути пред пријавеното време на трагедијата.
Инаку, браќата Лијам и Ноел Галагер се обединија како „Оејзис“ по речиси 16 години пауза и во јули ја почнаа повратничката турнеја, при што седум пати го распродадоа капацитетот на „Вембли“.

Foto: printscreen/YouTube/instgaram/oasis







