Еден од нашите најдолговечни рок бендови, „Тотално Опуштање“, го објави својот нов албум „Анатомија“, кој од вчера, 5 октомври, е достапен во дигитален формат.
„Анатомија“ носи 11 песни, меѓу кои „Најдобро време за РНР“, „Само заради мене“, „Шуте“, „Ајде мори малечка“, „Месо“, „Утроба“, „Што ти треба тебе“, „Ампицилини и алкохолни витамини“, „Љубовна тетива“, „Несебично беше моја“ и „Змијата и глушецот“.
Албумот е снимен, едитиран, миксан и продуциран во „Студио 1060“ од Дени Крстев, во текот на мај и јуни 2026 година, додека дизајнот на омотот е на Калин Малевски.
Во реализацијата на „Анатомија“ учествуваат Мац на вокал и гитара, Голди на соло гитара, Влатко на бас гитара и Љак на тапани.
По објавувањето на албумот, „Тотално Опуштање“ ќе ја одржи и неговата концертна промоција. Настанот е закажан за 9 октомври, петок, со почеток во 21 часот, во Кафе Бар „Браво“.
Влезот на концертната промоција е слободен, а публиката ќе има можност во живо да ги слушне песните од новиот албум „Анатомија“.







