Мегафон театар

Тони Михајловски е добитник на театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 година

Тони Михајловски е добитник на театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 година

Тони Михајловски (1967), театарски и филмски актер кој над триесет години е дел од македонската култура и уметност, почитуван поради својот талент и посветеност, е добитник на театарската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 година.

Ова е одлуката на жири комисијата во состав: Фаик Мефаиловски – претставник на Општина Велес, Благојчо Стојанов – претставник на Општина Велес и Слободанка Чичевска – актер, претставник на НУЦК театар „ЈХК- Џинот” – Велес, објавија од велешкиот театар.

Михајловски над три децении е дел од македонскиот театар, филм и култура. Преку остварените ликови на сцената на МНТ и на други театри и ликовите пред филмската камера се испишува и голем дел на историјата на театарот и филмот кај нас. Посветеноста, автентичноста и препознатливоста на Михајловски говорат за неговиот широк актерски распон и придонес на сцената, а истовремено и за секоја нова претстава/филм/серија. Тој е еден од најпопуларните и најталентирани актери во македонското глумиште. Со огромен одглас и вон нашата земја. За тоа сведочат ликовите во 27 (дваесетиседум) претстави на сцената на МНТ и на други сцени, 46 (четриесетишест) ликови во филмови и ТВ серии во македонска и балканска продукција, како и 3 (три) режии. Не помалку се важни и неговите успешни реализации и работа во ТВ проекти и емисии, и како текстописец на бројни песни за голем број на пејачи и групи.

Доказ за неговата работа како актер се и многубројните награди кои Михаловски ги има добиено.

To top