Тијана Дапчевиќ и сопругот Милан во април прославија 24 година брак, а за сето тоа време Милан не сакаше особено да се експонира во јавноста, а ншто поразлично не е ниту денес. Иако некогаш можеше да се види со Тијана овде-онде, во последните неколку години тоа се поретки прилики. Тијана пак, со својот експресивен темперамент и позитивна енергија, не ретко зборува за нивната љубов и тоа со насмевка знае да се присети на длачените времиња од пред повеќе од две децении.
View this post on Instagram
– Јас сум од оние што не кажуваат ништо не е случајно, не таа средба, сакам да кажам судбина од едноставна причина што Милан и јас се познававме уште од најраното детство. Тетка ми, сестра ми на мајка ми беше педагог на училиште и еднаш кога децата од училиште ги однесоа на планина, отидов со нив. Имав седум, осум години и Милан дванаесет и потоа се запознавме за прв пат, па дури и имаме заедничка слика кога бевме мали. Многу години подоцна, се запознавме во Сомбор, неговиот роден град и каде беше семејството од мајка ми – рече своевремено Тијана.
Медиумите пак, познавајќи ја, секогаш имаат прашање повеќе за неа и брачниот живот, па и она од претходно. Врската, ако може и така да се нарече им била ултра кратка, бидејќи таа само по неколку дена од запознавањето, му дошла на врата со куфер и му рекла дека отсега живеат заедно. Вака сега во поткастот „Драги Браво“ раскажа една анегдота од тоа време.
View this post on Instagram
Секогаш изнтересна во тоа како раскажува, па и овој пат иако навидим веќе кажано, Тијана секогаш знае тоа да го интерпретира да биде како ново и уште поинтересно.
View this post on Instagram
Инаку, во бракот Тијана и Милан го имаат синот Вук кој сега тинејџер и неодоливо лични на мама.
фото:Instagram printscreen/ tijana.dapcevic