Најгледаното регионално ТВ шоу кога е во прашање натпреварувањето на нови музички таленти – „Ѕвездите на Гранд“ својот рејтинг и енормна популарност ја достигнува не само заради самиот натпревар и музичките изведби, туку и заради забавните коментари, дијалози, препукувања на жирито, но секако и заради изгледот на одредени натпреварувач(к)и. Особено атрактивни се припадничките на понежниот пол, меѓу кои има и вистински убавици на кои би им позавиделе и многу попознатите и попопуларни ѕвезди од нив не само врегионот, туку и пошироко.
Сепак, меѓу плејадата расни и телесно раскошни убавици се издвојуваат неколку кои зрачат и малку повеќе, малку поинаку од само „природната“ убавина дар од Бога и мајката природа, коригирана и надополнета со волшебствата на естетската хирургија.
Меѓу неколкуте такви, две се посебни, од кои една е наша, Македонка…
Имено, Андријана Петрушовска е веќе познато дека покрај сета убавина, поседува и неодолив сексапил со кој уште на прв поглед ве лепи за неа…
Секако, воопшто и не морате да ја гледате в очи за да го почувстувате она што како еротска харизма го поседува атрактивната скопјанка, која зрачи со привлечност и енергија која за миг ќе ве опие и маѓепса.
Копнежот наречен желба потоа веднаш ја буди и поттикнува волшебната игра на сите ваши сетила, па нема вистинско машко кое не посакува Андријана да ја запознае одблизу.
Покрај неа уште една српска убавица, поседува слична убавина, сличен стил и исто толку неодолив сексапил. Па не случајно атрактивната Мина Станојловиќ покрај своето име го носи прекарот Атомска.
Кога за прв пат се појави на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, дваесет и тригодишната Атомска Мина го доби епитетот на една од најатрактивните учеснички во таа сезона.
Провокативните стајлинзи беа нејзин заштитен знак, па не беше тешко да се погоди одоздола какви атрибути поседува оваа млада белграѓанка.
Така беше тогаш, така е и сега, кога обете убавици добро туркаат влегувајќи од круг во круг, па се се’ поблизу до она најпосакуваното за што се’ на светот би дале – влаез и победа во големото финале! Со сличен изглед, имиџ и пропорции, меѓу сите женски опции, тие две се дефинитивно најексплозивните „Ѕвезди на Гранд“.
Во меѓувреме, не само што не се чувствуваат како лути конкурентки, туку сексапилните „Гранд“ натпреварувачки толку се зближија, што почнаа и приватно да се дружат. Дека нивната блискост не е само гола фарса, двете убавици покажаа и во пракса.
Атомска Мина на своите Инстаграм приказни објави клипче на кои без да биде прозвана, покажа колку и е блиска нашата Андријана.
И македонската убавица не остана ништо покуса, па јавно ја возврати својата наклоност кон експлозивната колешка!
Гледајќи ги обете заедно, нашата секс бомба Андријана и Србинката – Атомска Мина, нема кој не би посакал двете „нуклеарни убавици“ да му „пукнат в раце“!
Фото: Инстаграм/andrijanapetrushovska/atomska/ YouTube/Zvezde Granda