Македонската екс водителка и актуелна инфлуенсерка Миа Костова сподели досега необјавена фотографија со татко ѝ .
Таа со повод го отвори албумот со фотографии, а најомилената од нив двајца, одлучи да ја сподели пред јавноста со цел да му го честита роденденот и да му посака уште долго да живее.
„Среќен роденден мој Тонка, ти стално имаш 50, ама годинава со 40 годишна ќерка. Да си жив и здрав до едно 100че“ – напиша таа во посветата.
На фотографијата татко и изгледа вистински фраер, а Миа блеска со широка насмевка, задоволна и исполнета од неговото друштво.
Во позадина таа прикачила и мелодија од Џими Хендрикс „Lover Man“ која веројатно му е омилена или пак можеби само сакаше да открие колку е сакан човек.
Како и да е, на љубопитите следбеници со сигурност им го привлече вниманието и никого не остана рамнодушен на нејзината објавата на кратката приказна на Инстаграм.
фото: printscreen/instgaram