Пејачката Теодора Џехверовиќ ја коментираше бурниот однос и своевиден медиумски конфликт со колешката Јелена Карлеуша.
Џехва во таа прилика истакна дека не ѝ се допаѓа тоа што толку голема музичка ѕвезда често коментира за актуелности и помалку популарни колеги.
-Ја сакам Јелена Карлеуша, иако завршив на нејзината блок листа, можеби пред 7,8 години. Понекогаш ме нервира што таа има коментар за се’ живо. Мислам, извини Јелена (се смее). Претходно ми коментираше дека сакав да личам, ок, можеби тогаш, но прво Јелена, човек како тебе не треба да се занимава со Теодора Џехверовиќ – истакна Теодора, па додаде дека сепак Јелена тоа и стои.
View this post on Instagram
-Меѓутоа, ми излегуваат нејзините клипови за машко-женските односи и општо за мажите и ги гледав цела ноќ и се смеев во себе. Се сеќавам дека мислев: „Ова е Јелена Карлеуша каква што секогаш сакам да ја гледам!“ Толку е голема што не треба да се занимава со помлади колешки, но повторно, таква е и затоа е посебна – заклучи Теодора Џехверовиќ во подкастот „Постер“.
фото:Instagram printscreen/ karleusastar/teodoradzehverovic