ТВ презентерката Татјана Стојановска направи преседан од редовната пракса на дамите, односно го откри бројот на години по повод својот роденден. Денот кој не тера да му се радуваме на животот, да подразмислиме подобро за она што сме го искусиле и она што допрва сакаме да го направиме, имаме, доживееме…
Среќна и насмеана со торта пред себе на која стои бројот 50, Татјана Стојановска откри дека е славеничка која отпочнува нова животна етапа од шестата животна деценија.
-Драги мои Ви благодарам за желбите, честитките и се она што ми го посакавте денеска да ни биде секојдневие на сите. Многу здравје и среќни моменти во животот да имаме, да се сакаме и почитуваме и да го славиме животот, напиша роденденката во обраќањето до сите оние кои најдоа време за честитка.
За Татјана медиумите најчесто знаат да напишат дека старее како добро вино, а таа со сигурност би кажала дека не им се плаши на годините и брчките, но кога живее во модерно време кога тоа може да се реши, тогаш убавината и може поинаку да се одржува.
-Немам тајна формила како ја одржувам убавината и изгледот, вообичаени некои третмани, процедури што ги спроведувам, но ништо специјално. Јас не сум противник на естетската хирургија, сметам дека секој кој што мисли дека отстранувањето на некои недостатоци ќе му ја зголеми довербата и ќе го подобри нивното расположение, треба да го сторат тоа. Немам направено естетски зафати. Јас велам дај Боже да остареме, да ги добиеме тие брчки и се што доаѓа со годините, затоа што тоа е вредност во животот. Сега има такви процедури кои што можат на некој начин годините малку да ги избришат, да се подмладиме. Не се плашам од стареењето, зашто би било убаво и кога би остареле, кажа своевремено Стојановска во интервјуто за „Бекстејџ“.
Задоволството по одразот во огледалото, насмевката и енергијата која ја пружаме и добиваме како фитбек, всушност е она најважното! Годините секако ќе врват, но како ние ќе ги рефлектираме надворешно, и ќе се грижиме за себе, останува на нас.
Среќен роденден!
фото:Facebook/Татјана Стојановска (Китановска)/ Instagram printscreen/ tatjana.stojanovska