Радио Милева само љубов и ништо повеќе

Тамара Тодевска за првпат проговори за бракот на екс- сопругот, неговата неодамнешна свадба, како и за тоа што најмногу ја здоболи во животот (фото)

Тамара Тодевска за првпат проговори за бракот на екс- сопругот, неговата неодамнешна свадба, како и за тоа што најмногу ја здоболи во животот (фото)

Тамара Тодевска отсекогаш отворено зборувала за се’ она што приватно и се случува, па дури и кога била под медиумската лупа и онаа на јавноста во периоди кога наголемо се коментирало за неа. Па така, кога се разведе од сега екс- сопругот Александар Димитровски, таа кажа дека поради децата тие останале во доби односи.

Дека тоа се’ уште е така потврди и во своето последно, неодамнешто телевизиско интервју за емисијата  „Старс“ на Алфа ТВ каде беше гостинка заедно со Антониа Гиговска.

Прашањата за бракот на поранешниот партнер и неговата неодамнешна свадба не беа заобиколени од водителката, а Тамара без резерва си го кажа своето.

-Бев среќна за него. Очигледно е среќен и реализиран. Си ја најде партнерката на својот живот и му посакувам се’ најдобро.

Но, тука беше и прашањето што децата беа присутни на свадбата на нивниот татко…

-Децата се радуваат на секоја негова среќа. Ние пред да стапиме во брак бевме многу добри другари, и останавме така. Нашиот пример треба да биде за сите што се во слична ситуација, дека минатото се заборава, сегашноста се живее. Имаме деца, и не можам да го оспорам фактот што тој им е татко. Така да му посакувам исклучиво среќа на секое поле. Ако тој е среќен, среќни се Хана и Дарен, а покрај нив и јас сум среќна. Нема зошто да не му посакувам се’ најдобро, кажа Тамара.

Кога веќе разговорот тргна така интимно, Тамара отвори душа и за она што е најболнто нешто што го слушнала за себе во животот:

-Дека сум предавник, куса беше Тамара, веројатно мислејќи на периодот кога доживеа јавен линч кога ја згреши македонската химна.

За потсетување, во 2022 година по седум години брак Тамара откри дека се разведува од дотогашниот сопруг.

Таа сега е во среќна врска со архитектот Лука Радовиќ, додека Александар во тазе брак со екс- кошаркарката Едина Муса со која го очекуваат првото заедничко дете.

фото:Instagram printscreen/ tamaratodevska/edina_musa

To top