Радио Милева „copy-paste“

Тамара и Тијана преку една слика визуелно покажаа како е поделено генетското наследство (фото)

Тамара и Тијана преку една слика визуелно покажаа како е поделено генетското наследство (фото)

Дека крвта не е вода, а гените се чудо е повеќе од јасно.

Сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ визуелно покажаа како кај нив Тодевски е поделена генетиката.

Па така, една ретро фотографија од 2001 година на која двете позираат со тато Велко, ги поттикна да нагласат кој на кого личи од нивните наследници.

Според Тамара, Хана е нејзина целосна копија, а Вук пак мамин син. Татковците не се ни спомнаа, бидејќи фотографијата сосема доволно говори од каде повлекле гените.

Секако во случајот никако не може да биде изземена ниту баба Брана од која како Тамара, така и Тијана не само музичките гени, земале и од физичките.

Музикалноста тече во крвта на секој од нив, а дека тоа се преслика и кај помладите говори фактот што синот на Тијана веќе е навлезен во изучувањето на музичката продукција, а пак малата Хана и тоа како сака да танцува и пее. За најмалиот Дарен, допрва ќе видиме…

За потсетување, родителите на Тијана и Тамара денес се пензионери, а работниот век дедо Велко го помина како професор по контрабас на Музичаката академија во Скопје, додека баба Брана е пензионирана оперска пејачка.

фото:Instagram printscreen/tijana.dapcevic/tamaratodevska

To top