Велат дека за мајките вистински и многу повеќе свој го доживуваат роденденот на своето дете/ца. Посебно емотивен ден, датум кога на свет донеле друг живот, парче од себе, радост и среќа, гордост за навека.
19-ти Септември е токму еден од тие денови за манекенката Катарина Ивановска кога по вторпат стана мајка во 2019 година и на свет ја донесе ќеркичката Кира.
Малата убавица која е копија на мама слави роденден, цела рака – петка!
По овој повод пресреќната мама Кате издвои неколку фотографии за да се пофали и каже дека денес не е обичен ден, на Кира и е роденден!
Малата наследничка веќе потпорасна и апсолутно неодоливо потсетува на мама, а исто сака и да биде манекенка, па дури и имаше неколу ангажмани за детски брендови.
Каква ќе биде роденденската прослава која следи, останува да видиме…
Среќен роденден!
фото:instagram printscreen/ katarina_ivanovska