Лице в лице поткаст гостин

Сузана Турунџиева во „Ништо лично“: “Моето прво стапнување од Битола во Скопје започна со престој во полициска станица” (ВИДЕО)

Сузана Турунџиева во „Ништо лично“: “Моето прво стапнување од Битола во Скопје започна со престој во полициска станица” (ВИДЕО)

Родум битолчанка, која веќе неколку децении има скопска адреса на живеење. Дете на просветни работници, по едукација академски музичар, по хоби естрадна пејачка и писателка, по професија ТВ водителка. Но пред се’, харабра жена – борец, која целиот свој живот бестрашно им  одела во пресрет на предизвицитем, храбро издржувајќи ги на нозе сите удари кои судбината ќе и ги зададе.

А тие неретко биле исполнети со стресови, тага, болка, загуби… И тоа на она што е најсвето и најмило – животите на најблиските и најсаканите личности во нејзиниот живот. Од татко и, брат и, сопругот…

Но научена да ја шибаат олујните ветрови на животните премрежја, таа секогаш наоѓала начин како да им се спротистави, да ја најде светлата точка на крајот од тунелот, и како жена и како мајкада ги  преживее и  најтешките животни удари и од нив да излезе посилна.

При тоа, низ порите на уметноста и искажувањето на својата експресија во која се содржани сета нејзина болка и животни радости, преку различни  облици и форми во музиката,  пишаниот збор, говорот, песната… да ја преточи сета своја креативност во дела. Но и несебично и березервно да ја подари сета своја хуманост таму каде што е најпотребна, тогаш кога некому очајно подадената рака му значи спас, а неретко и живот!

Таа е несомнено македонската Фрида Кало, која создавајќи дела и споделувајќи добрина, ја исцелува душата… И на другите и себе си! Најчесто на жените со кои најмногу е опкружена.  Од нејзините ќерки Лора и Матеа, преку Атиџе од „Медената земја“, па се до 120-те жени во нејзиниот женски хор „Фрида од Македонија“!

Тука е во уште едно гостување за да не’ потсети дека животот не е бајка, но дека и во најтемните денови има светлина – ако ја побараме, но најмногу, ако самите ја создадеме.

Зборувавме за нејзините почетоци во музиката, за животот пред и по доаѓањето во Скопје, за професорската, естрадната и ТВ водителската кариера, за нејзините книги, женскиот хор „Фриода од Македонија“, за убавите спомени, ќерките и нивното растење, но и за тешките моменти… За загубата на братот, за разводот со Маленко,  ненадејната смрт на вториот сопруг, за нејзината поддршка на хероината од „Медена земја“, Атиџе, за дамите од „Фрида“… Најмногу за неа самата – Сузана Турунџиева, во нејзиното поткаст гостување во најновото издание на интер ток шоуто „Ништо лично“  кај нејзиниот и Ваш домаќин Антонио Димитриевски чија премиера одеше вчеравечер (среда, 11 јуни, 2025 година), во 20 часот на YouTube каналот на КурирМК (

 

To top