„Денот пред да заминеш“ е насловот на новата песна на Сузана Турунџиева, балада во која се пее за љубовта на починатиот пејач Момо Николоски и неговата сопруга Валбурга Батева-Николоска.
Песната е комплетирана со гостувањето на дел од хорот на ансамблот „Танец“ и на женскиот хор „Фрида“, кој токму го води Турунџиева.
Текстот за песната го напиша Батева-Николоска, која по професија е психолог, музиката и аранжманот се на Сашо Ливрински, а спотот го режираше Кузман Клековски.
„Уште пред две години ми беше доделена улогата да ја опишам нивната љубов во песна, ама да ги испеам и болката и празнината на неговата Буги, која знам колку многу и искрено ја сакаше. Сигурна сум дека Момо не се плашеше од смртта толку колку што се плашеше дека ќе ја остави сама. Во неколку наврати, уште додека не знаев дека има здравствени проблеми, тој ми имаше напоменато да ја чувам Буги, да бидам покрај неа.
Маестро Ливрински направи беспрекорна мелодиска линија за овој текст, преполн со болка и тага, во која многу сликовито ја има доловено безусловната и искрена љубов на која сите бевме сведоци. Тие не беа само брачни партнери, тие беа најдобри пријатели. Се гледаа со очи полни со љубов и разбирање. Таква љубов веќе нема, не сум сретнала“ – ќе рече Турунџиева за Смарт.мк
Инаку, Момо Николоски почина од канцер на 3 јуни 2019, а песнатаја доживеа промоцијата на шестгодишнината од неговата смрт.