Според народното верување, Сузана Манчиќ наскоро ќе ja омажи својата помлада ќерка Наталија, која го фати бидермаерот на свадбата на нејзината сестра.
Сузана Манчиќ ја омажи својата постара ќерка Теодора Куниќ. Името на младоженецот не е познато на јавноста, но тој ја однесе убавата бринета до олтарот во воена униформа.

Меѓу највеселите гости беше помладата сестра на Теодора, Наталија, во чии раце заврши бидермаерот. Според популарното верување, помладата ќерка на Сузана Манчиќ ќе биде следната што ќе се мажи, а идејата ѝ се допаѓа, што го покажува и фотографијата што ја сподели на Инстаграм.
– Што да правиме сега – напиша убавата Наталија под сликата на која го држи бидермаерот.

Foto: instagram printsceen/natalija.kunic/suzanamancicofficial




