Промотер

„Суперхикс“ и „21-ви Век“ се здужија за – „Правда“ (ВИДЕО)

„Суперхикс“ и „21-ви Век“ се здужија за – „Правда“ (ВИДЕО)

Со големо задоволство ја најавуваме премиерата на официјалното музичко видео за песната “Правда”, резултат на соработката меѓу Суперхикс и 21Век. Синглот “Правда” е дел од последниот албум на Суперхикс, “Сила и нервоза”.

Песната е создадена со заеднички напори на двата бенда, со текст од Борис Минов, додека музиката и аранжманот се дело на Суперхикс и 21Век. Продукцијата е реализирана во студиото “ТРА ЛА ЛА” во Скопје, под водство на искусниот продуцент Мите Димовски.

Видеото за “Правда” е режирано од Милан Блажевски, со Огнен Ацевски како директор на фотографија. Марко Најдановски придонесе како асистент на камера, додека Виктор Атовски беше задолжен за дрон операциите. Костимографијата, сценографијата и организацијата беа под раководство на Борис Минов. Во главната улога на Правдамен се појавува Александар Георгиев, додека останатите улоги ги толкуваат членовите на Суперхикс и 21Век.

Бендовите сакаат да упатат искрена благодарност кон Александар Велиновски од Јавна соба, како и кон Елена Вангеловска и Андреј Бартлинг, чиј значаен придонес беше клучен за успешната реализација на овој проект.

 

Ова музичко видео претставува визуелно и аудитивно доживување кое ги спојува уметничките визии на двата бенда, создавајќи единствено дело на македонската музичка сцена. Видеото е достапно за гледање од понеделник, 3 март од 12 часот на официјалните YouTube канали на Суперхикс и 21Век.

To top