Познатата македонска фолк пејачка Стојне Николова вчера, петок, 20 декември 2024 година на својот YouTube канал ја промовираше својата најнова песна, која го носи едноставниот, но симболичен наслов „Новогодишна“.
Музиката и аранжманот за ова празнично музичко дело ги потпишува нејзиниот долгогодишен пријател и соработник, Бобан Мојсовски-Мојсо, додека стиховите ги напиша еден од најпрепознатливите текстописци во Македонија, Орце Зафировски.
Аудио продукцијата е реализирана во реномираното Анастасија студио, во песната на саксофон гостува Даниел Божиноски, а за впечатливото видео и монтажа беше задолжен тимот на Cvetanski footage.
Песната веќе ги освојува срцата на слушателите и ветува да стане дел од празничната атмосфера во домовите на сите љубители на македонската музика.
Како изгледа звучи и изгледа кога Стојне Николова ви ја доловува празничната атомсфера со нејзината „Новогодишна“ проследете во продолжение: