Како најави, така и направи.
Стефан Филиповски, пејачот на „Некст тајм“ и официјално е женет човек.
Извминатиот петок Стефан и Тинеа си ветија љубов пред Бога во Соборниот храм во Скопје, додека во саботата (19. Јули) направија и свадбена веселба.

Свеченоста беше модена верзија која во делови потсетува на мини концерт од нивните патриотски песни, а во делови и на елекро журка.

За музичкиот дел беа задолжени музичарите од група „Арија“ за кои Стефан во поткастот кај Боки 13 кажа дека сметал се најдобриот избор за свадба.

Меѓу гостите беа и дел од познатите колеги и соработници како: Влатко Лозаноски, Боки 13, Никола Мицевски и други…

Инстаграм профилите на браќата Филиповски беше преполн со стри објави од кои јавноста и фановите имаа прилика да ѕирнат во големиот ден на Стефан и Тинеа.
Невестата носеше едноставна минималчистичка венчаница која ја следни линијата на телото, додека младоженецот по правило елегантен во темен костум и вратоврска пеперушка.

Сега и двајцата браќа се женети луѓе, Марин се венчаше со ракометарката Андреа минатата година, а пред осум месеци ја добија и ќеркичката Лиана.
За Стефан со божја воља убавините од проширувањето на семејството допрва следат.

Честитки!
фото:instagram printscren/ marin_filipovski/bl.andrea/boki13official




