Радио Милева

„Стареам, но се чувствувам помладо“: Симона Поповска благодарна на розовиот живот и љубовта која расте повеќе со секоја помината година (фото)

„Стареам, но се чувствувам помладо“: Симона Поповска благодарна на розовиот живот и љубовта која расте повеќе со секоја помината година (фото)

За Симона Поповска крајот на месец март секогаш е резервиран за нејзиниот роденден.

Пејачката која за своја примарна професија ја има медицината за 32 – рата година од животот пред своите пријатели и обожаватели  објави  фотографии и емотивна порака со нежни зборови.

Таа пред роденденската торта со рацете најсилно ги стегна нејзините две мали момчиња кои за неа тие се центарот на светот, па напиша:

„Ѕвонење на мојот посебен ден со двата најголеми подароци што ми ги даде животот. Додека дувам уште една свеќа оваа година, јас сум повеќе од благодарна за овие моменти повеќе од било кога. Уште една година да се биде нивна мајка и сите авантури кои доаѓаат со неа. Стареам, но се чувствувам помладо во срцето со секое смеење и прегратка од моите момчиња“.

Симона се пофали и со најубавиот подарок кој го добила па не можеше, а да не го сподели пред сите.

Роденденската честитка  со отпечаток од рачето на синчето Никола за неа е најскапото нешто на светот.

Потоа, на кратките приказни на споменатата мрежа сподели и видео додека ги дува свеќичките, а во позадина се слуша врева од гласот на момчињата.

За да биде цело сѐ,  Симона блескала во розевиот комплет опкружена со фамилијата  кои подоцна позирале покрај неа па одвои време и напиша уште една порака:

„Тука сум, запирам за да размислам за радоста, и за љубовта која расте повеќе со секоја помината година. Облечена во боја на нежноста, се потсетувам дека секој ден е подарок и денес сум обвиена со најголемиот подарок од сите  – Дарот на времето. Живот, љубов, семејство: Секогаш да наоѓаме убавина во тивките моменти“.

Фото: printskrin/instagram/simonapopovskaofficial

To top