Радио Милева тажно

„Срцето ми е скршено, мајка ми и сестра ми починаа во ист ден“: Мараја Кери објави дека доживеала семејна трагедија

„Срцето ми е скршено, мајка ми и сестра ми починаа во ист ден“: Мараја Кери објави дека доживеала семејна трагедија

Пејачката Мараја Кери се огласи по повод тажната прилика.

Мараја Кери објави дека ги изгубила мајка си и сестра си во текот на минатиот викенд.

„Срцето ми е скршено бидејќи ја изгубив мајка ми минатиот викенд. За жал, во трагичен расплет на настаните, сестра ми го загуби животот истиот ден. Се чувствувам благословено што можев да ја поминам последната недела со мајка ми пред да почине. Ја ценам сечија љубов и поддршка и почит кон мојата приватност во овој невозможен период“, изјави Мараја за People.

Засега не е објавена причината за смртта ниту на Патриша, ниту на Алисон.

Фото: Print Screen/ Instagram

To top