Охридскиот рокер, пејачот и минатогодишен учесник и финалист од „Ѕвездите на Гранд“, Александар Јосифовски, минатата недела беше гостин на настапот на својата пријателка и колешка Андријана Петрушовска во скопско Драчево. Таму Јосифовски се појави пред скопската публика, а наеодно и честиташе на Адријана за пласманот во натпреварот каде и двајцата успеаја да се рангираат високо, тој лани, таа сега.
View this post on Instagram
На настанот беа дојдени и медиумската екипа на „Гранд“, зборуваа со Александар, а притоа го прашаа и дали им се нарушени приватните и професионални односи со неговиот ментор и колега со кого настапуваа заедно до неодамна, Ѓорѓе Давид. Јосифовски неодамна се врати од американскатурнеја, па оттука почаа и муабетите на таа тема.
View this post on Instagram
-Морам да напоменам и дека продолжувам да работам со концертите на Ѓорѓе Давид и Ивана Питерс. Лани поминавме низ цела Војводина и доаѓаа луѓе само поради рокот, тоа беше и во Македонија и Босна. За да не не прегази времето, мора да бидеме актуелни – откри рокерот за Гранд нова.рс
Александар изминатиот период имаше доста настапи заедно со бендот на Давид „Dad Saw“, каде пееше и Ивана Петерс, но Александар од неодамна си постави други приоритети на кои беше посветен, а и се уште е.
View this post on Instagram
-Не се жали што му ги земам тезгите, јас работам на другата страна. Ако е така, сигурно би го слушнал тоа од него. Мило му е што работам, остануваме пријатели, се сакаме и како колеги и како пријатели. Мило ми е што и тој работи, едвај чекав да дојдам од Америка, преспав и потоа излегов на сцена со неговиот бенд – призна пејачот кој работи и на албум.
View this post on Instagram
Александар Јосифовски е еден од оние учесници во „Ѕвездите на гранд“ кои не се појавија само за инстант популарност, туку активно и постеветно продолжи да работи под полна пареа на својата кариера.
фото:Instagram printscreen/ alexandarjosifovski